ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заев: Важна е суштината на Резолуцијата, но и Уставот!

Суштината и текстот на Резолуцијата од ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќаме, без да менуваме ниту запирка ниту точка, но Уставот не може да не се почитува од премиерот и од институциите, рече денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање.
„Испраќам позитивна порака. Се разговара на овие прашања, покажавме доблест и големина, еве и ДУИ и по разговорите се приклучи, албанската опозиција исто така се приклучува, помалите партии се приклучуваат. Суштината е важна, како што е важен и Уставот“, рече Заев.