ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев за „Монструм“: Процесот е воден на транспарентен начин, политичарите да ги тргнат рацете од судството и обвинителството

Многу е важна нашата улога каква држава, какво општество димензионираме, во кој правец ја насочуваме државата и пред се младите луѓе. Затоа што не е во ред да се дадат лажни надежи. Тоа што ние можеме како политичари е да помогнеме во потврдување на доволно докази за реотворање на процеси и предмети, денес тоа го можеме преку институциите што се под Парламентот или Владата затоа што тие се управувани директно од политичарите, а согласно докази и аргументи обвинителите да одлучуваат и судовите да пресудуваат, рече на денешната собраниска седница премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од Алтернатива во врска со случајот „Монструм“.

Заев тврди дека нема никакво влијание, ниту било каков обид за влијание за овој случај или кој било друг и нема да има во понатамошните постапки пред Апелација, пред Врховен суд, затоа што, како што нагласи, тоа е минато свршено време. Секој, посочи, добива шанса и овде доказите и аргументите, според него, се богови во постапката. Истакна дека сосема нови обвинители и судии суделе по предметот.

-Уште во периодот на објавување на бомбите должност моја беше и како човек и тоа го сторив, сите прислушкувани материјали ги предадов во СЈО. Се отворија предмети и процеси, се реотворија, дел завршија успешно, дел завршија со повторување на казна, нови судски процеси. Ветувањето дека е вредно се за кое постои било каков дополнителен доказ и индиција, впрочем и нашите закони тоа го предвидуваат и Собранието отвори дискусија за посебни законски решенија на оваа тема се со конечна цел – правда, нагласи Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button