ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загаден воздух, граѓаните бараат посериозен пристап од државата

И оваа зима земјава поставува рекорди на глобално ниво по загаден воздух. Сепак, граѓаните немаат јасна слика колку отров вдишуваат. Секогаш има некои станици за мерење на квалитетот на воздухот што не работат. Ова ги револтира граѓаните, а дел од нив како заштитна мерка избраа да носат маски. Во анкета за Алсат ги повикаа властите да преземат нешто.

„Воздухот е катастрофа, не е во ред…Што да кажам, не им е важно моето мислење, тие повеќе го гледаат својот интерес, бизнисите, отколку воздухот или народот“…, реагираат граѓаните.

„Лош е воздухот, лош е… Треба да преземат мерки да се исчисти”, додаваат граѓаните.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање неколку пати изјавија дека мерните станици брзо се расипуваат бидејќи се стари, но дека постојано работат на санирање на оштетените делови. Но, на порталот на министерството никогаш немаме целосна табела со податоци за квалитетот на воздухот на целата територија на државата.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button