ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Загадениот воздух причина за 19% од смртните случаи во најзагадените градови во Македонија

Загадувањето на воздухот предизвикува 17 до 19 проценти од сите смртни случаи во оние населени места каде што воздухот е најзагаден. Мирјана Димовска од Институтот за јавно здравје бара државните институции итно да преземат мерки бидејќи населението долго време е изложено на загаден воздух.

Долготрајната изложеност на загаден воздух ги погодува речиси сите возрасни групи, но како најризична група се децата кај кои загадувањето влијае на намалување на коефициентот на интелигенција, зголемување на стапката на АДХД синдром и зголемување на стапката на аутизам. Додека влегуваме во најпроблематичниот период од годината во однос на загадувањето, дел од мерните станици не работат.

Станува збор за мерната станица кај Ректоратот, која со години бележи високо ниво на загаденост. Но, неколку дена по ред оваа станица заедно со многу други, не даваат податоци.

Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата Air Care која ја подигна свеста за загадениот воздух во земјава, вели дека не е изненадување што државните мерни станици не работат. Тој посочува дека тоа се должи на застарената технологија и лошото одржување.

Алсат праша во Министерството за екологија дали институциите се подготвени за сезоната во која се очекува зголемување на нивото на загаденост и дали се надминати проблемите со мерните станици, но не добивме никаков одговор на испратените прашања.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button