ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Загарантираните цени во маркетите и пазарите завршуваат утре

Граѓаните денеска имаат последен ден за купување со загарантирани цени. Од утре цените на прехранбените производи и пијалоците повторно никој нема да ги контролира и ќе бидат препуштени на слободниот пазар. Засега не се знае колку дена ќе треба за новиот закон за спречување на нефер трговски практики да ги помине сите собраниски филтри. Засега на дневен ред не е ставено ниту првото читање. Вакуумот за неколку дена или недели е пропуст на надлежните кои не се согласија навреме да се донесе законското решение. Во една ваква ситуација од Инспекцискиот совет велат дека цените ќе бидат во рацете на совеста на трговците.

Бидејќи државата навреме не ги искористи правните механизми за брзо да го изгласа законот, граѓаните се соочуваат со можност за повисоки цени и тоа за најмалку 10%.

Иако, вчера Владата ги повика надлежните инспекторати да ги зголемат контролите на терен, тие сепак немаат можност да ги контролираат цените, велат од Пазарниот и Трудовиот инспекторат. Останува да се види какви цени ќе почне да се формираат од утре кои 6 месеци беа замрзнати со владина одлука. Ваквата мерка многу експерти и самите стопански комори ја критикуваа со обвинување дека вештачки се ограничува профитот на трговците.

Со предлог-законот за спречување на нефер трговски практики, добавувачите и трговците ќе бидат ограничени со профитна маржа од најмногу 10% за земјоделските и прехранбените производи. Во отсуство на ваков закон во минатото, пред се на пазарите, трговците и продавачите работеа со профит од 30%, па сѐ до 70% повеќе од реалното.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button