МАКЕДОНИЈА
Загина возач во тешка сообраќајна несреќа кај Демирхисарско

52-годишен битолчанец загина вчера во тешка сообраќајна несреќа во атарот на демихисарското село Сопотница, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, несреќата се случила кога колата излетала од патот.
„Во 12:20 во ОВР Демир Хисар е пријавено дека патничко возило „фиат” со демирхисарски регистарски ознаки излетало од патот во месноста викана Крбла, во атар на село Сопотница, Демирхисарско. Во сообраќајната незгода на лице место загинал возачот Љ.Б.(52) од село Жван, Демирхисарско, информираа од битолската полиција.
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош-Демир Хисар, а сопатникот Д.Г.(60) од истото село се здобил со повреди и е пренесен во Клиничката болница во Битола.



