ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Захариева: Обединети сме, ставот на Бугарија нема да се промени ниту по изборите

Бугарскиот главен дипломат Екатерина Захариева стави крај на надежите на Македонија за полесно решавање на спорот по изборите во Бугарија. Таа рече дека ставот на Софија е унифициран во Националното собрание одамна и дека бугарските партии и општеството стојат зад него.

“Поверојатно е дека ако се промени, ќе се влоши”, вели Захариева.

Захариева истакна дека предлог акциските планови се подготовки за одржување на редовен состанок на Меѓувладината комисија, што Скопје требаше да го организира минатата година.

„Сакаме да ги надминеме стереотипите од минатото, да престанеме да ги едуцираме антибугарски, да ставиме крај на говорот на омраза, да ставиме крај на образованието што промовира омраза кон бугарскиот јазик. Според мене, не е комплицирано, но според нив е многу комплицирано”, додава Захариева.

Лидерот на македонската опозиција, Мицкоски, инсистира дека македонскиот идентитет е на преговарачка маса.

Последно, министерот Османи го негираше постоењето на анекс од 12 точки. Германската амбасадорка, Холштајн, ги охрабри обете страни да ја продлабочат соработката во областите што не се разликуваат, уверувајќи дека Германија и Португалија и Словенија ќе ги продолжат своите напори за започнување на преговори оваа година.

„Како и досега, сè уште немаме план Б. Она што останува е да продолжиме со разговорите за отворање на преговорите за членство меѓу Северна Македонија и ЕУ. Нема друга алтернатива, исполнети се сите услови“, рече Анке Холштајн, амбасадор на Германија.

Софија го условува почетокот на преговорите со откажување од историски тврдења.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button