МАКЕДОНИЈА

Захариева: Скопје да го искористи еднонеделното одложување на седницата на Совет на ЕУ

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева денеска изјави дека нејзината земја ќе ја сноси одговорноста доколку Северна Македонија не започне преговори со Европската унија, како и дека Скопје треба да го искористи еднонеделното одложување на состанокот на Советот на ЕУ за разговори.

Advertisements

-Нашите услови не се сменети повеќе години. Мене ме чуди дека тоа е нешто ново за вас. Да ќе ја сносиме нашата одговорност, но многу би сакала и колегите од Скопје да ја имаат нивната одговорност и да ја сносат бидејќи имаме германско претседателство во моментов, а тоа е една од земјите основачи. Не се многу такви, треба тоа да го потенцирам, кои го поддржуваат проширувањето, посебно за земјите од Западен Балкан. Милам дека е шанса што Скопје не треба да ја пропушти, рече Захариев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во рамки на Берлинскиот процес.

Таа посочи дека Софија и Скопје веќе еден месец се обидуваат интензивно да разговоараат, но и дека аспектот на добрососедските односи спаѓа во хоризонталните критериуми.

-Ние од пред еден месец се обидуваме во водиме интензивни преговори. Јас повеќе слушам што не треба да се направи, а не што ќе се направи. Советот беше одложен за една недела. Можеби Скопје поинтензивно да го искористи ова време, порача Захараиева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button