МАКЕДОНИЈА

Закажана, па откажана средбата на Груби со секретарите на партиите на Албанците во врска со пописот

Демократската унија за интеграција изутринава најави средба на секретарот на ДУИ Артан Груби со секретарите на политичките партии на Албанците во земјава во врска со претстојниот попис. Но, само еден час подоцна од ДУИ информираа дека средбата се откажува поради, како што соопштија, непотврдување на присуството од страна на опозициските политички партии – Алијанса за Албанците и Aлтернатива.

Средбата требаше да се одржи денеска во Клубот на пратеници, со почеток во 11 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button