СВЕТ

Заклучување во Унгарија, Орбан: Никој нема да биде оставен сам на себе

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави денеска дека никој нема да биде „оставен сам на себе“ и дека владата ќе им помогне на луѓето на кои им е потребна за време на најновата блокада заради епидемијата на вирусот корона.

Advertisements

Премиерот во видео порака на Фејсбук рече дека луѓето чиишто животи ќе ги отежнуваат новите ограничувања што стапуваат на сила од утре ќе добијат материјална помош, пренесува унгарската агенција МТИ.

Владата ќе исплати половина од платите на вработените во услугите што сега се затворени, како што се фризери, козметичари и продавачи.

Исто така, придонесите на работодавачите во соодветните сектори за март се укинуваат, а компаниите погодени од блокадата нема да мора да плаќаат кирија на државата или општините.

Орбан исто така рече дека даноците за малите компании ќе бидат укинати во март.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button