Закон за локална самоуправа – Дали власта ќе добие поддршка од 80 пратеници?

Измените во Законот за локална самоуправа, со кој се предвидува да се избегне одржување на вонредни избори за градоначалници во три општини, го помина првиот филтер во Собранието, но досегашната поддршка не гарантира негово одобрување. За измената гласаа 69 пратеници, додека 17 беа против. Овие бројки укажуваат на тоа дека две третини од гласовите за конечно одобрување на предлог-законот сé уште не се обезбедени и мнозинството од Бадентер не е обезбедено.
СДСМ се изјасни против. Велат дека се поткопуваат демократските и уставните принципи.
Клучна ќе биде поддршката на пратениците од Европскиот фронт. Од оваа група денеска не сакаа да се произнесат. Сепак, одредени пратеници на ДУИ не негираат дека можат да го поддржат законот. Но, не сите пратеници на Фронтот се согласуваат со ваквиот став..
Аеродром, Гостивар и Сарај ги водат в.д. градоначалници., откако поранешните челници презедоа други функции, по неодамнешните парламентарни избори.
Фатлуме Дервиши