ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за јазици и натаму не се применува

Законот за јазици не се применува ниту кај некои министерства на чело со министри Албанци. Инспекторатот за спроведување на Законот за употреба на јазиците, констатирал негово непочитување и три години по неговото стапување во сила. Од 19 извршени инспекциски надзори, регистрирани се најмалку 13 случаи кога институциите не го спроведуваат законот за јазиците.

Решенија кои се одобрени за предупредувања се: Министерство за образование и наука, Министерство за земјоделство, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за локална самоуправа, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување и Водовод и канализација-Скопје. Имавме една жалба во Куманово и една во општина Брвеница“, изјави Фатмир Исени – директор на инспекторатот за јазици.

Исени вели дека повеќето од овие институции се правдаат со недостиг на преведувачи, но според него овие институции можеле да го решат овој проблем преку систематизација. Според информации на Алсат, законот не се спроведува правилно и во судството.

Имате ли некаква индикација за Обвинителството?

„Да, имаме информации дека и таму не се почитува Законот за употреба на јазиците. Значи за многу краток период инспекторите ќе направат инспекциски надзор во обвинителство“, одговори Фатмир Исени – директор на инспекторатот за јазици.

Мал е бројот на инспектори на располагање за следење на сите институции во државата. Врз основа на систематизацијата, само во главниот град се предвидени 32 инспектори, но Инспекторатот се уште нема добиено зелено светло од Министерството за финансии. Во моментов 3 инспектори имаат лиценца, додека уште 5 се очекува да добијат во мај. Согласно Законот за употреба на јазиците, во секоја институција граѓаните имаат право да бараат документи на албански јазик, а доколку тоа не е можно, предметот може да го достават до канцелариите на Инспекторатот или да пишат на официјалната веб-страница на оваа институција.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button