Законот за животна средина го поминува последниот собраниски филтер

Предложениот закон за животна средина на ресорното министерство го поминува последниот собраниски филтер. Денеска на Комисијата за транспорт и врски и екологија за ова законско решение заврши дебатата и предложениот закон беше усвоен и пратен на пленарна седница. Со предложеното законско решение за животна средина се утврдува методологија за идентификација и системот за ремедијација на загадувањето и на жешките точки. Денеска на комисијата за животна средина беше увсоена и потребата од носењето на друго законско решение со кое се забранува изградба на тешки индустрии на пет километри од населено место или заштитено подрачје.
„Мислам дека и со новиот ГУП на Скопје треба да одиме на тоа да таа тешка индуструја транзициски се иселува од градските подрачја од населбите каде што живеат луѓето, а не дополнително да повикуваме уште на инвеститори во населените места каде што граѓаните живеат“, рече Маја Морачанин, пратеничка на ДОМ.