ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мерките за загадување ги наполнија автобусите

Автобусите на ЈСП дополнително се наполнија поради бесплатниот превоз. Тоа го регистрираше и камерата на Алсат, но сите автобуси не се преполни. Дел од граѓаните реагираат на гужвата во автобусите.

Денеска беспари е автобусот, дали мислите дека тоа е причината зашто има гужва?

„Да, да. Тоа е. Не се плаќа и многу народ има што одат да пазарат за нова година“, вели еден граѓанин.

Дали ви смета гужвата дека е пандемија?

„Па смета. Никој не носи маска. Без маска во автобус. Пола автобус, ни еден маска нема“, реагира еден граѓанин.

Градот Скопје меѓу другото, препорача и да ограничи работењето на автошколите. Од МВР велат дека тие не постапуваат по препораки туку по закони или мерки од Владата, што значи дека засега не се ограничува работењето на автошколите.

„МВР во изминатиот период континуирано постапува врз основа на законите, а исто така и врз основа на мерките и протоколите донесени од Владата и понатаму ќе го прави тоа, а за сите наши активности редовно ве информираме и вас медиумите односно граѓаните“, рекоа од МВР.

Од МВР информираат и дека ги контролираат движењата на товарните возила во зоните каде што тоа е забрането и се контролира колку издувни гасови се испуштаат од возилата.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button