ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Регулаторна комисија утре одлучува колку ќе поскапе цената на струјата

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе донесе одлука колку ќе поскапи струјата. На подготвителна седница регулаторот треба да одлучи кои трошоци и во колкав процент од барањата за раст на цената ќе им ги признае на енергетските компании. Официјално која ќе биде цената на електричната енергија во следните шесет месеци ќе се знае во четврток.

“За утре е закажана подготвителната седница на која РКЕ пред енергетските компании ќе ги презентира механизимите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на електрична енергија“, соопштија од РКЕ.

Од регулаторна очекуваат сите страни да се солидаризираат во ова кризно време и да попуштат во однос на крајната цена за домаќинствата. Но, според информации на Алсат, Дистрибуција бара повисока цена за својата услуга од 100 отсто, МЕПСО бара раст на својот дел од 82 отсто. Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум до регулаторна нема испратено конкретно барање. Она што е веќе извесно е што државната ЕСМ ќе добие зголемување на цената за произведената струја која ќе ја продава на универазлниот снабдувач за13 посто. Од Нова година наместо 36 евра мегават час струја ќе чини 41 евро.

Надлежните уверуваат и покрај кризната состојба во енергетиката, рестрикции на струјата нема да има.

„Граѓаните и малите потрошувачи немаат и не треба да имаат рестрикции. Во нашето опкружување има недостаток на електрична енергија и во дел од државите се вршат рестрикции на електрична енергија“, рече Васко Ковачевски директор на ЕСМ.

Од владата веќе потенцираа дека зголемувањето на цената на струјата нема да надмине 10 отсто.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button