ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Дел од хотелите во Охрид и Струга добија повисоки сметки за струја

Хотелиерите и угостителите од Струга и Охрид не го дочекаа најавеното покачување на струјата, кое официјално треба да се случи после први јануари. Некои од нив веќе плаќаат повисоки цени за струја, откако компаниите со кои имале склучено договори за снабдување, им испорачале нови договори со повисоки цени.Ерхан Папранику, менаџер на еден хотел во Струга, вели дека со анекс на договорот кој го потпишале со еден снабдувач на струја минатиот месец, сега добиваат за 20% повисоки сметки од претходно.

„Нас ни стигнаа нови договори од енергетските компании кои не снабдуваат со струја и кои договори мора да ги потпишеме со повисоки цени од околу 15-20%.Сигурно е дека цените на услугите во нашите објекти ќе растат за 10-15%“, вели Ерхан Папранику-хотелиер.

„На тие големи потрошувачи што прават договори со компаниите кои нудат електрична енергија на пазарот, договорите им поминуваат во текот на годината. Некој можеби склучил во јануари, февруари, март, април, мај. И веќе како што поминува времето,тие договори само се зголемуваат за денар-два нагоре. Во моментот се над 10,11,12 денари“, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Од ЕВН Македонија велат дека сите компании својот снабдувач го избираат на отворен пазар.

„Цената за регионот на Југоисточна Европа се одредува на Берзата за електрична енергија во Будимпешта.Цената на електричната енергија на Берзата за енергија во Будимпешта за последните 12 месеци за Базниот производ порасна од 57 евра/мегаватчас на 1 јануари, до 337
евра/мегават-час на 23.12.2021 година“, наведуваат од ЕВН.

Зголемувањето на цената на струјата, ќе предизвика не само зголемување на цените на услугите, туку може да доведе и до затворање на објектите.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button