СВЕТ

Заменик државниот секретар на САД во посета на Москва

Американскиот заменик -државен секретар Викторија Нуланд пристигна во Москва на дводневни разговори со високи руски претставници за билатерални и меѓународни прашања.

Руските државни медиуми објавија дека Нуланд ќе се состане со заменик -шефот на кабинетот на претседателот Владимир Путин, Дмитриј Козак, високиот претседателски помошник Јуриј Ушаков и заменик -министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

Козак е главниот советник на Путин за конфликтот во источна Украина меѓу сепаратистите поддржани од Москва и владата во Киев. Во пресрет на посетата, Москва се согласи да ги укине санкции против Нуланд, за да може таа да влезе во Русија. Во замена, САД отстранија еден руски функционер од листата со санкции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button