Заминува уште една недела од штрајкот во образованието

Премиерот Димитар Ковачевски одлуката на СОНК да го продолжи штрајкот во градинките и образованието ја смета за неискрена. Повикувајќи ги наставниците да се вратат на работа, Ковачевски рече дека заедничко решение е можно и ќе се најде, но не преку начинот на кој се одлучил СОНК.
Советот на СОНК во средата повторно донесе одлука за продолжување на штрајкот откако ги разгледа заклучоците на Владата меѓу кои и покачување на платите за 10%. Според СОНК, заклучоците не водат кон решавање на веќе создадените спорови, но зборуваат за многу притисоци кои се вршат врз наставниците и вработените во градинките. Неделков ги потсети надлежните дека биле на време известени за организирањето и почетокот на штрајкот.
Од Сојузот на средношколци ги повикаа Владата и СОНК итно да се договорат затоа што некои од матурантите кои планираат да се запишат на универзитети во странство, ќе се соочат со проблеми ако учебната година продолжи. Учениците веќе трета година се надвор од настава. Штрајкот започна на 11 април и според СОНК во него се вклучени над 25 илјади лица.
Мелихате Рустеми