ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Замрзната цена на хигиенските производи

Тоалетната хартија, влажните марамчиња, влошките и пелените за бебиња и возрасни ќе бидат за 13% поевтини од колку што чинеа во продавниците минатиот понеделник, на 20 март. На предлог на Министерството за економија, Владата одобри нова одлука за замрзнување на некои хигиенски средства.

Ова замрзнување со намалување доаѓа откако Комисијата за финансирање и буџет во Собранието не одржа седница за да го одобри намалувањето на ДДВ-то за овие артикли 18% на 5%.

Преведено во пари, граѓаните до 31 мај ќе ги купуваат овие хигиенични средства поевтино од 5-10 денари.

Бектеши ги отстрани дилемите дека не може да има акутно поскапување по одмрзнувањето на цените..

Од друга страна, бизнис секторот денеска го повтори ставот дека замрзнувањето на цените е погрешна постапка на Владата и треба да се интервенира со субвенции за граѓаните, намалување на царините, активирање на стоковните резерви и субвенции за електрична енергија за компаниите. Антони Пешев од Стопанската комора вели дека ги почитуваат владините мерки кои се однесуваат на намалување на царините, помош при увоз на суровини и субвенции за струја.

Замрзнување на цените се очекува и кај овошјето и зеленчукот и одлуката ќе биде донесена на крајот на неделата. Извештајот на Министерството за земјоделство стигна до Владата и се очекува до петок да се анализираат податоците на Царинската управа.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button