ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ не коментира дали има преговори за уставни измени со Груевски

ДУИ ниту потврдува ниту демантира дали преговара со поранешниот премиер Никола Груевски, за да ги обезбеди потребните гласови за уставни измени. Од партијата на Ахмети не зборуваат ниту за условите под кои Груевски би обезбедил пратеници. Од ВМРО ДПМНЕ пак ја отфрлија таквата можност, наведувајќи дека никој не може да влијае на пратениците. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Тимчо Муцунски рече дека нема информации дали Груевски има контакт со некој од пратениците на пратеничката група.

И покрај изјавите на македонската опозиција, можните преговори со Груевски се чини дека создадоа сигурност на власта. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека нема да има одложување на отпочнувањето на уставните измени.

Ваквата можност на Ковачевски ВМРО ДПМНЕ ја смета за политички фолклор. Според опозицијата, ако Владата сака да знае дали ги има или не бројките за уставните измени, нека ја стави како точка на дневен ред во Собранието

Во врска со преговарачката рамка, уставните измени мора да завршат во ноември. Главното барање е вклучување на бугарското малцинство во преамбулата на Уставот.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button