ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Замрзнете ја цената на струјата, намалете ги акцизите за гориво!“, повикуваат економски експерти

Мерки за излез од енергетска криза е неопходно да се креираат бидејќи граѓаните не ќе можат да го издржат поскапувањето на струјата и храната. Покрај субвенции за граѓаните со ниски примања, треба да се размислува за замрзнување на цената на струјата и за намалување на акцизите на горивата, велат економските експерти.

„Кај нас се случи поскапување на струјата од 10 проценти. Ова беше еден вид пофалба на Владата, но тоа не значи пофалба за граѓаните, бидејќи тие го плаќаат ова. Треба да се преземат мерки за замрзнување на цените на струјата, да не се зголемува, ако е потребно да се финансираат компаниите кои произведуваат струја од буџетот. Како и да се намалат дел од акцизите на дериватите…“, рече Рахметулах Ферати, универзитетски професор.

Со овие мерки професорот Ферати очекува да се намали притисокот врз цените на останатите производи.

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата Економски магазин на Алсат најави дека мерката за намаленото ДДВ-ве на струјата на 5 проценти ќе продолжи сè додека трае енергетската криза.

„ДДВ-то е донесена одлука од пред шест месеци, во делот на намалување на електричната енергија. Треба оваа година да се зголеми на 10 проценти, но ние тоа нема да го донесеме како одлука имајќи во предвид енергетската криза, па ќе се продолжи со 5 проценти“, рече Бектеши.

Премиерот Ковачевски најави дека Владата ќе подготви нов сет мерки, но засега не се открива што ќе биде преземено. Поголемиот дел од европските земји веќе ги замрзнаа цените на горивата, поделија ваучери за гориво или за струја за дел од домаќинствата. Како еден од последните примери е одлуката на шведската влада да одвои 670 милиони долари за ваучери како помош за домаќинствата поради драстичното зголемување на цената на струјата.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button