ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Запален билборд на Таравари, Бујар Османи: Не сме ние!

Запален билборд на Таравари, Бујар Османи: Не сме ние!

Во еден по полноќ, кај Зоолошката градина во Скопје, гореше билборд на кандидатот за претседател Арбен Таравари. Допрва ќе се утврдува дали е намерно запален. МВР соопшти дека презема мерки за расчистување на настанот.

„На 07.04.2024 во 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. „Илинден“ со ул. „Рузвелтова“ бил опожарен билборд на еден од кандидатите за претседател на Република Северна Македонија. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, пожарот бил изгаснат“, велат од Министерство за надворешни работи.

Таравари пак, вели дека не верува билбордот да е намерно запален, особено од некој од противкандидатите во претседателската трка. Но, тој повика да се почека полицијата да разјасни како настанал пожарот.

„Јас никогаш не би му направил такво нешто на мојот противкандидат, но повторувам, не би сакал да прејудицирам. Да почекаме, верувам дека надлежните институции ќе кажат зошто и како… Не знам дали е направено од нивна страна или некој друг, да ги оставаме институциите да ја завршат нивната работа“, рече Арбен Таравари – кандидат за претседател.

Претходно, од коалицијата „Вреди“ во која членува Таравари, изразија сомнеж дека билбордот е намерно запален и побараа виновниците да бидат казнети. Од опозициската коалиција не посочија конкретен сторител, но во соопштението додадоа дека сите знаат која партија од власта има насилници и криминалци во своите редови. Според „Вреди“, целта била да се заплаши народот. Од друга страна, одговарајќи на новинарско прашање, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи негира дека неговата партија стои зад инцидентот.

„Апсолутно не. Отфрлувам било какво вмешување на ДУИ. Ако некој води позитивна кампања, ако некој води конструктивна кампања, тоа сме ние. Јас осудувам такви чинови. Ја повикувам опозицијата да прекине со црната кампања“, изјави Бујар Османи – кандидат за претседател.

Од коалицијата „Вреди“ истакнаа дека ќе го заменат билбордот со нов, а побараа реакција и и од меѓународните набљудувачи на изборниот процес./Алсат.мк

Лука Андрев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button