ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Запленети над 2000 парчиња пиротехнички средства

Синоќа, околу 20.40 часот во колонијална продавница во тетовско Долно Палчиште, сопственост на 58-годишниот Т.Р. од ова село, пронајдени и одземени се 1380 разни видови пиротехнички средства. Претходно, околу 18.20 часот пред угостителски објект на Градскиот плоштад во Тетово биле пронајдени 691 парчиња петарди. По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button