МАКЕДОНИЈА
Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско
Полициски службеници од ОВР Свети Николе вчера извршиле преглед во продажен објект во светниколско Амзабегово, сопственост на А.Б.(52) од истото село. При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1500 пиротехнички средства.
Како што соопшти МВР, за настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.