ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започна масовната имунизација на граѓаните со кинеската вакцина Синовак

Започна имунизацијата со кинеската вакцина „Синовак“ во сите пунктови  за вакцинација, освен во Скопје и Битола. Министерството за здравство соопшти дека „Синовак“ во овие два града  ќе биде достапен од утре.

Министерство за здравство

„Кинеската вакцина е класична вакцина во која е инјектиран ослабен вирус, технологија што се користи со децении и е многу позната. Во однос на возраста, вакцината Синовак нема ограничувања во Кина и се дава и на деца над 3 години. Кај нас оваа вакцина се користи само на возраст од 18 години, додека истата се препорачува и за доилки и бремени жени “.

АЛСАТ посети некои од местата за вакцинација во главниот град. За разлика од другите градови, во Скопје имаше долги редици на граѓаните кои чекаа да бидат вакцинирани. Се аплицираше прва доза  со Фајзер, а се  ревакцинацираше со „Спутник“ и „Синофарм“.

Во текот на вчерашниот ден, со првата доза, вакцинирани се 11.220 граѓани, додека втората доза ја примиле 1774 граѓани. До 15 јули се очекува да бидат вакцинирани сите оние кои се пријавиле на веб-страницата вакцинација.мк. После 15 јули, надлежните органи објавија дека ќе започне теренска вакцинација за луѓето кои сакаат да се вакцинираат, а кои сè уште не аплицирале.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button