Започна расправата по интерпелациите за членовите на Судскиот совет, прва на дневен ред интерпелацијата за Весна Дамева

Во Собранието на Република Северна Македонија започна расправата по интерпелациите за членовите на Судскиот совет. Прва на дневен ред е интерпелацијата за поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева.
Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите
– Ова е клучен момент во борбата за владеење на правото, за правдата и довербата во институциите и со овие поднесени интерпелации ние почитувани, не му судиме на судството. Со овие поднесени интерпелации ја детектираме одговорноста на оние коишто требало да бидат коректив, оние коишто требало да носат правда и коишто треба да воспостават она што требаше да биде судска власт, рече тој.
Весна Дамева, образложувајќи го својот одговор, истакна дека изминатиот период континуирано, како што кажа, одредени луѓе од политиката се обидуваат да ја омаловажат, изнесувајќи невистини и небулози.