ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започна зимското сметање на времето

Летното сметање на времето заврши во три часот после полноќ, кога часовниците требаше да се поместат еден час назад.

Во Македонија летното сметање на времето е воведено на 27 март 1983 година, во согласност со одлуката на Европската унија (ЕУ) пред се за очекуваните економски придобивки – подобро функционирање на единствениот пазар, транспорт и комуникации, индустрија.

Сепак, поради недостаток на поголеми придобивки од тоа, ЕУ одлучи да се откаже од поместување на часовниците двапати годишно од 2021 година, оставајќи им на членките дали ќе останат трајно на „лето“ или вообичаена – „зимска“ пресметка на времето.

Последната заедничка промена на часовникот во ЕУ треба да биде на 28 март 2021 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button