ВЕСТИЗДРАВСТВО

Заразни болести; 32 деца се заразени од шуга

Во текот на месец март во земјава се регистрирани 32 случаи на заболени од шуга, се вели во официјалниот извештај на Институтот за јавно здравје. Најголем број заболени има во Скопје и Куманово кај школски деца. Но, надлежните велат дека оваа бројка не е причина за паника кај граѓаните. Од јануари до март бројот на заболени од оваа заразна болест е 70.

„Шугата е паразитско заболување кое се шири во група. Главно се шири поради слаба хигиена почнувајќи од рацете, со близок контакт со позитивни случаи. Не е проблем бидејќи бројката е мала, но се препорачува наставниците да внимаваат на случаите во училиштата, да ги упатат и контролираат“, рече Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје.

Покрај шугата, во моментов најраспространета заразна болест во земјава е овчата сипаница, потоа стомачни инфекции.

„Во текот на месец март најчеста заразна болест која е регистрирана е сипаница со вкупно 911 заболени. Споредено со февруари 2023 година, има зголемување на случаите за 30,1%. На второ место според бројот на регистрирани во месец март се заболените од енроколитис со 168 случаи. Во однос на месец февруари, забележан е пораст на заболените од ентероколитис за 52,7%“, наведуваат од Институтот за јавно здравје.

Во месечната табела на Институтот за јавно здравје, меѓу другите заразни болести кои се регистрирани во месец март, има и 7 случаи на хепатитис Б.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button