ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Засилено полициско присуство пред Судот за време на завршните зборови на одбраната во „Монструм“

Додека се одвиваше судската седница за случајот „Монструм“, зградата на Кривичниот суд ја чуваа бројни полициски сили. Оваа ситуација траеше се додека адвокатите во Судот ги кажуваа последните зборови во одбрана на обвинетите.

Advertisements

На секој агол од зградата имаше вооружени полицајци со панцири.

Зад зградата на Кривичниот суд беа стационирани полициските Единици за брза интервенција, во случај на евентуална ескалација на ситуацијата. Можеа да се забележат десетици оклопни возила и комбиња со полициски службеници од оваа единица.

За време на рочиштето кое траеше повеќе од 6 часа, полицајците не беа во состојба на готовност.

Министерството за внатрешни работи информираше дека нема најави за никаков протест, но од безбедносни причини ги презеле овие мерки, имајќи ја сензитивноста на состојбата по ова прашање.

„Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавното обвинителство го спроведе оперативниот план за обезбедување на објектот, сè додека постои ризик од ненајавено собирање на граѓани“, наведоа од МВР.

Да потсетиме, во петокот илјадници граѓани протестираа против барањето на обвинителката Фатиме Фетаи за доживотен затвор за обвинетите. Министерството за внатрешни работи му изрече казна од 510 евра на организаторот Блерим Ахмеди врз основа на Законот за јавни собири. Тој и други осомничени демонстранти ќе бидат гонети, велат од МВР.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button