ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна протестот за поддршка на жртвите од „Јавна Соба“

Во организација на „Платформа за родова еднаквост“, почна протестниот марш за „поддршка на сите жртви на групата „Јавна соба“. Организаторите и поддржувачите бараат од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот, соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени.

Како што е најавено, на протестот, за кој велат дека ќе биде организиран со сите протоколи за заштита од ковид-19, ќе има обраќања пред МВР и пред ОЈО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button