ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Затнат канал во Струга поплавува ниви, редовно бил чистен во СФРЈ

Затнат канал во Струга поплавува ниви, редовно бил чистен во СФРЈ

Неколку километри долгиот канал од селото Калишта до селото Враништа кај Струга, кој е еден од главните канали во струшко за одлевање на атмосферската вода, со децении не е темелно исчистен. Жителите велат дека при пообилни врнежи од дожд доаѓа до поплавување на нивните имоти кои се наоѓаат во близина на каналот зашто е затнат и обраснат со треви и трски.

„Ја молиме државата и општината, градоначалникот Мерко, да го исчистат каналот бидејќи ни пречи. Не можеме да дојдеме до нивите и да ги работиме. Овде позади ни се нивите и куќите. Ако не се исчисти каналот, штетите можат да бидат многу големи. Дваесет години не е исчистен“, изјави Миљазим Даути- жител

„Овој дел овде треба да се исчисти од страна на државата за да нема поплави. Дваесет години не можеме никако нивите да ги работиме, дваесет години овде ништо не заработуваме, ништо не правиме. Ако се исчисти каналот земјата може да се обработува, да садиме нешто“, изјави Ајри Узеири- жител-

Со посебна петиција жителите на регионот бараат институциите да го исчистат Калишкиот канал. Тој е лоциран покрај магистралниот пат Струга-Ќафасан.

„…За време на комунизмот во поранешна Југославија, каналот се чистеше секоја година од страна на водната заедница…. Сега доаѓа и лето може да се исчисти. Поднесовме петиција да се исчисти до општината и Водостопанство“, изјави Зекир Садики жител

Директорот на Водостопанство-Охрид, Ѓоко Стефаноски, под чија надлежност е и Струга, вели дека дел од Калишкиот канал се наоѓа во урбана средина и оти за каналите кои се наоѓаат во урбана средина надлежна била општина Струга. За да се исчисти, тоа требало да го направи или локалната власт или пак тие да го исчистат, но општината да им плати. Делот кој бил надвор од урбана средина ќе почнеле да го чистат на крајот на август. Инаку, Стефановски вели дека лани Водостопанство го исчистило каналот во урбаниот дел, т.н. Струшки канал, но општина Струга им останала должна 750.000 денари. Алсат праша во општината кога планираат ги решат овие проблеми, но одговор не добивме. Во Струга околу 40% од каналите со години не се исчистени. /Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button