ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вештачкото езеро во скопскиот Градски парк како депонија

Вештачкото езеро во скопскиот Градски парк како депонија

“Градскиот парк е едно од омилените места на кои граѓаните на главниот град избираат да го поминат слободното време заедно со своите блиски во сончев ден. Сепак, дел од граѓаните што ги анкетиравме велат дека им пречи тоа што малите вештачки езерца создадени во паркот одамна не се исчистени и мирисаат лошо“, изјави новинаркаљ на Алсат, Еви Шкопи

Граѓаните кои ги интервјуиравме велат дека при посетите во европските земји забележуваат дека  водата во езерцата е кристално чиста и додаваат дека би сакале таква да биде и во Градскиот парк. Велат дека често гледаат граѓани кои наместо во корпи, пластични шишиња со пијалоци што ги консумираат или друг отпад ги фрлаат во водате и ваквото однесување според нив е скандалозно.

 „Да, треба да се исчисти. Не е чисто, како што можете да видите. Гледам дека одамна водата не е исчистена. Треба да се ангажира општината, да се ангажираат луѓе за чистење на мочуриштето, затоа што луѓето доаѓаат овде и седнуваат. Ќе беше подобро да беше чисто”, Граѓанин

„Лошo, многу лоша слика. Се плашиме, но не остануваме долго овде. Застануваме само за да ги нахраниме патките“, Граѓанин

“Треба да го исчистат, погледнете како е. Лисјата што паѓаат исто така изгледаат загадено. Многу е веројатно дека додека живеат жаби и риби таму не е опасно. Сум видел вакви езерца и во Лондон, полни со патки и сè, но беше кристално чисто. Оваа вода не циркулира, па така е, почнала да мириса. Нека се чисти почесто.

Од Град Скопје велат дека чистењето на овие езерца се врши еднаш во 4 или 5 години поради флората и фауната. Последен пат се исчистени во 2019 година и чинат 8 милиони денари.

 „Чистењето на мочуриштата и канали според препораките не се врши во летните месеци заради заштита на флората и фауната. Исто така, за преземање дополнителни активности за површинско чистење на езерцата, Град Скопје даде согласност за реализација на проектот за поставување мрежи во каналите за собирање пластичен отпад. Подготвена е наредба од ЈП „Улици и патишта“ да започне со машинско и рачно чистење на каналот од реката Вардар од која се снабдуваат езерцата и каналите во градскиот парк“, Град Скопје

Град Скопје ги повикува граѓаните да се грижат за одржување на ниво на чистота на јавните простории. /Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button