ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Затворен угостителски објект во Гостивар, поради непочитување на мерките за спречување на ковид- 19

Угостителски објект во Гостивар е затворен, а сопственикот е приведен откако било утврдено дека го прекршил дозволеното работно време.

Advertisements

Како што се наведува во полицискиот извештај:

На 09.02.2021 во 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар во содејство со инспектори од Пазарна инспекција во Гостивар извршиле контрола во угостителски објект во трговски центар на ул.„Илинденска“ во Гостивар. При контролата во објектот биле затекнати околу 10 лица – гости, сопственикот, а имало и музика во живо.

Објектот бил затворен, а сопственикот Ф.Б.(45) од с.Добридол, гостиварско, бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button