МАКЕДОНИЈА
Затворено интернет кафе во Скопје, приведени 10 лица

Поради непочитување на протоколите за заштита од ширење на заразни болести сопственик на интернет кафе во Скопје заработи кривична пријава. Како што се наведува од МВР:
На 24.02.2021 во 22.00 часот, додека вршеле контроли во угостителски објекти, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тале Христов“ констатирале дека интернет кафе работи и вo објектот има 10 лица. Тие биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.