Затворот за Бобан Илиќ, кој го прегази малиот Алмир, одложен за уште три месеци

Кога требаше да се појави во затвор за да ја издржи казната, Основниот суд во Куманово ја смени одлуката и го одложи на уште три месеци затворот за Бобан Илиќ, кој го прегази до смрт четиригодишниот Алмир Алиу. Илиќ денеска шеташе слободно на градскиот плоштад со своето семејство, а беа видени и од екипата на Алсат. Тој одби да одговори, дури и го повлече семејството од нашата камера.
Одлуката на Судот е донесена на барање на адвокатот на семејството Илиќ, да му се продолжи притворот од безбедносни причини. Додека Обвинителството во Куманово се жалеше на оваа одлука, барајќи тој да биде испратен зад решетки, Алсат ја обезбеди одлуката на Судот, според која, Бобан ќе биде слободен уште три месеци.
„Почетокот на казната затвор на осудениот Бобан Илиќ од Куманово е одложен, продолжувајќи го од 01.03.2021 до 01.06.2021 година, кога обвинетиот е принуден да се појави во затворот К’шање во Куманово, во спротивно ќе биде гонет и ќе биде присилно донесен во ќелија, со што ќе ги сноси трошоците за апсење од страна на полицијата според член 140, точка 2 од Законот за извршување на санкции”, наведуваат од Основен суд, Куманово.
Причините за одложување на затворската казна на Илиќ не му се познати на раководителот на Дирекцијата за извршување санкции, Марјан Спасовски, но вели дека институцијата ја гарантира безбедноста на сите затвореници.
За разлика од одложувањето на затворската казна за Илиќ, судот го отфрли одложувањето на затворската казна за родителот на Алмир, Седат Али, кој треба да отслужи шест месеци затвор и за неговите двајца роднини, кои беа осудени по девет месеци. Бобан Илиќ ќе издржува ефективна затворска казна помала од три години затоа што му се брои и притворот и куќниот притвор. Осуден беше на шест годишна казна, но Апелација ја намали на четири. Ќе ја издржува казната во полуотворен затвор, каде во истите простории членовите на семејството на Алмир ќе ја издржуваат казната.
Аднан Ќаили