ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Завод за статистика: Попишано е целото население во земјава

Вкупно еден милион 832 илјади 696 лица се попишани како резидентно население во земјава. Регистрирани се 569.175 домаќинства и 837.255 живеалишта.

Попис на населението:

1.832.696 лица
568.175 домаќинства
837.255 живеалишта
204.805 самопопишани од дијаспората

Од Заводот за статистика велат дека ги опфатиле сите станбени објекти, а вкупниот број на попишани може да се зголеми по вкрстената проверка на податоците.

Симовски е убеден дека бројот на непопишани лица е помал од 10 илјади. Се очекува нивните податоци да се најдат во која било од дата-базите во неколку институции на земјава. За лицата кои одбиле да се регистрираат, но кои се многу малку, Заводот за статистика ќе поведе постапка за одговорност.
Од дијаспората се самопопишале 204 илјади 805 лица. Повеќето од западноевропските земји, а многу малку од прекуокеанските.

„Овој број би бил позадоволителен кога би бил уште поголем затоа што знаеме дека имаме многу други луѓе во дијаспората, но сепак ова е број за почит за понатамошен развој на политиките“, рече Илми Селами, Заменик-директор на Заводот за статистика.

Првичните податоците за пописот треба да бидат обработени и соопштени во рок од шест месеци, но Селами верува дека рокот ќе се скрати за периодот пред или по нова година.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button