ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Заводите за вработување полни, а фирмите кубурат за работници!

Од една страна претпријатијата во Тетово и помалите фирми молат да најдат квалификувани работници, некои од нив дури и најмуваат лица од странство, во Заводот за вработување, бројот на невработени се зголемува. Моментално во Тетово активно работа бараат околу 14.000 лица. Уште 2.000 други се водат како невработени, но не бараат активно работа.

Advertisements

„Во моментов во Тетово имаме околу 16.000 невработени лица. 14.000 се активни баратели на работа, а 2.000 се пасивни баратели. Најбарани на пазарот на труд, каде што има недостиг на кадар, се професори по математика, информатика, хемиски и компјутерски инженери, но и други насоки кои полека влегуваат на пазарот на трудот. Центарот за вработување во Тетово започна и активни мерки за вработување, каде што имаме самовработувања и од вчера има голем интерес за самовработување“, вели Абдулџелал Јонузи, Завод за вработување Тетово.

Според експертите, ваквата ситуација кога илјадници луѓе бараат работа, а компаниите се жалат дека не можат да најдат работници се случува поради погрешни политики за вработување.

„Политиките за вработување треба да се променат во две насоки. Во насока на понудата и на побарувачката. Оние кои сакаат да ги добијат најдобрите, кои не само што сакаат да работат, туку и знаат, но и оние кои не знаат, но кои сакаат да работат, треба да се преквалификуваат за да го најдат најдоброто. Но, имаме сè повеќе случаи кога одредени понуди се одбиваат. Пред 10 години алармиравме за ова, но тогаш немаше слух. Денес компаниите пискаат затоа што не вршеле притисок за ова“, рече Абдулменаф Беџети, професор.

Според една студија од пред десет години, бројот на вработени бил 70 отсто во јавниот сектор, а 30 отсто во приватниот. Сега е обратно, односно 70 отсто од вработените работат во приватни фирми, а само 30 отсто во јавниот или државниот сектор.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button