ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Заврши тендерот за струја, понудената цена е повисока

Заврши тендерот за струја, понудената цена е повисока

Понудата на ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум изнесува 48 евра за мегават час. Ова е единствената понуда која пристигна на тендерот за набавка на електрична енергија потребна за Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Според информациите, оваа купопродажна цена на ЕСМ ќе биде за периодот од јули до декември и е за 17 отсто повисока во однос на цената по која државните електрани ја продаваа струјата во периодот од јануари до јуни годинава.
Визарт 
„За цената на електричната енергија на ЕВН Хоум во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри…“, соопштија од ЕВН Хоум.
Станува збор за цената по која ЕСМ ѝ ја продава струјата на ЕВН, потоа од цената што ја бара МЕПСО, од Операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.
Од Државните електрани вчера потврдија дека 100 отсто од потребните количини на струја ќе обезбедат за ЕВН, кој потоа ја дистрибуира до домаќинствата и малите потрошувачи.
Визарт 
„АД ЕСМ го зголеми планот за производство на електрична енергија за 2022 година за 20% од производството во 2021 година. Конзумот на ЕВН Хоум е зголемен за 27%, поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар, како деловни субјекти, општини, јавно осветлување“, изјавија од ЕСМ.
Информациите кои се достапни од останатите енергетски компании во земјава се дека сите бараат одредено зголемување на цената. Сега на ред е регулаторот, кој во следниве неколку дена треба да ја формира цената и да ја објави до крајот на идната недела. Последното зголемување на цената на струјата беше на крајот на ланската година и изнесуваше речиси 10 отсто./Alsat.mk
Иле Петревски
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button