ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Синдикалците протестираа пред Министерството за финансии

Синдикалците денеска протестираа пред Министерството за финансии. Симболично поставија едно столче и го поканија ресорниот министер Фатмир Бесими да се симне од својата канцеларија и да поразговара за маките на работниците. ССМ инсистира, додека трае расправата за ребалансот на буџетот, нивниот предлог да биде амандмански прифатен, па од следниот месец вработените во јавниот сектор да добиваат зголемена плата за екстра 2.006 денари.

Дополнително, синдикатот бара и исплата на К-15 на вработените во државните и јавните институции и фирми. Доколку политичарите останат глуви на барањата на ССМ, не се исклучува можноста за радикализирање на протестите. Во меѓувреме јавниот сектор функционира со 10 отсто од своите ресурси, а генералниот штрајк продолжува.

„Ние како работници навистина не може да издржиме. Ако се покачи струјата од први седми, навистина потребно е и платите да растат од истиот ден, согласно инфлацијата и сите ценовни шокови кои ги доживуваме во продавниците“, рече Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button