ВЕСТИРЕГИОН

Францускиот предлог помина во Софија, со дополнет текст

Бугарското Собрание му дозволи на премиерот Кирил Петков да го крене ветото за Македонија, усвојувајќи го францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје. Поддршка дадоа 170 пратеници, а само 37 беа против. Сепак, бугарските пратеници, иако дадоа зелено светло за предлогот на Макрон, неговиот текст беше дополнет со одредени измени кои ги одобрило бугарското МНР. 1xbet موقع Тие се однесуваат на гаранции за уставните измени во нацрт-заклучоците на Советот, на појаснување на бугарскиот став за македонскиот јазик, како и гаранција за доследно спроведување на Договорот за добрососедство. Предлогот и измените ги поднесе пратеникот Христо Иванов, а тие добија поддршка и од партијата на Кирил Петков, Бојко Борисов и Мустафа Карадај.

„Наш интерес е не само да добиеме исполнување на целите и барања што си ги поставивме во билатералните односи со Република Северна Македонија, наш интерес е и Западен Балкан, односно Албанија и Северна Македонија да добијат европска перспектива. Тоа е наш интерес!“, рече Христо Иванов – претседател на ДБ. افضل موقع مراهنات عربي

„Денеска е добар ден за Европа, добар ден за Република Северна Македонија, но најмногу е добар ден за Бугарија“, рече Екатерина Захариева – пратеничка на ГЕРБ.

По одлуката да се крене ветото, прв реагираше Слави Трифонов, според кого, се врши предавство на бугарскиот национален интерес. Неговите пратеници, кои гласаа „против“ истакнаа дека отсега и Унијата ќе го признава македонскиот јазик. كازينو أون نت

„Македонците ќе можат во секој еден договор со која и да е држава од Европската унија, да тврдат дека е напишан на македонски јазик, а македонски јазик нема и тоа секогаш беше официјален став на Бугарија“, рече Тошко Јорданов – пратеник на „Има таков народ“.

Против предлогот се изјаснија и бугарските социјалисти, според кои, постои опасност наскоро Унијата да не ги носи своите одлуки едногласно, што би можело да влијае на евентуално ново вето за време на преговорите со Македонија.

„Се подготвува решение на ЕУ за квалификувано мнозинство при донесување решенија по надворешно-политички прашања и не треба вие кои така лесно го поддржувате францускиот предлог да ја занемарат оваа можност во следните години“, рече Георги Михајлов – пратеник на БСП.

Премиерот Кирил Петков, по гласањето на одлуката, на својот фејбук профил напиша дека Собранието донело историско решение и додаде оти интеграцијата на Западен Балкан е стратешки интерес за Европската унија.

Дополнувања на Бугарија за предлогот на Франција:

– Појаснување на текстот на нацрт-заклучоците на Советот за да се обезбеди вклучување на Бугарите во уставот на РСМ во одредбите во кои се споменуваат и другите народи, на рамноправна основа со овие народи
– Подобрување на предложената нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоците на Советот, со цел појасно да се одрази фактот дека ништо во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ не може да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на постоењето на македонскиот јазик.
– Гаранции дека добрососедството останува хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапување на PCM кон ЕУ, за чие спроведување Европската комисија треба да го информира Советот пред секоја меѓувладина конференција
– Вклучување на референца од Договорот за добрососедство од 2017 година и записници од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија во врска со одобрувањето на заедничките позиции за меѓувладините конференции ЕУ-РСМ од Советот на ЕУ.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button