ВЕСТИЕКОНОМИЈАЗДРАВСТВО

Здравство го поништи тендерот за амбулантни возила од по 90 000 евра

Министерството за здравство го поништи тендерот за набавка на 22 амбулантни возила. Епилогот следува по серијата стории на „360 степени“ за спорните и нелогични моменти во оваа јавна набавка.

Можеби клучно е тоа што речиси идентични такви возила купи Делегацијата на ЕУ за скопската Итна помош по цена од 63 400 евра за парче, на чиј тендер се пријавија седум фирми. На тендерот на Министерството за здравство, пак, се пријавија само две фирми. Онаа со пониска понуда од 70 000 евра по возило беше дисквалификувана, па за најдобра беше избрана преостанатата – од 90 000 евра по возило.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button