МАКЕДОНИЈА

Изминатото деноноќие 20 пожари на отворено

Изминатото деноноќие на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрирани се 20 пожари на отворено, од кои три се уште се активни.

-Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица вчера во 12:00 часот имале интервенција на шумски  пожар во атарот на село Дулица  каде што горела дабова и мешана шума. На терен биле излезени повеќе екипи: тројца пожарникари со едно возило, четворица шумарски работници со едно теренско возило, од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Голак“ од Делчево со пет вработени, од ТППЕ-Виница и доброволно друштво со две возила и шест доброволции, од ТППЕ-Кочани заедно со доброволно друштво со едно возило и пет доброволци. Во 19:30 часот, пожарот беше локализиран. Сите екипи биле повлечени од местото на настанот за во утринските часови денеска, да излезат на терен за догаснување на локализираниот шумски пожар. Опожарена била површина од околу 30 хектари, соопшти утрово ЦУК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button