ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зеленчукот и овошјето се продаваат по повисоки цени

Килограм праски од 80 до 120 денари, кајсии 120 денари, еден клас пченка 20 денари, сливи од 40 па се до 100 денари, доматот  килограм се продава за 50 денари. Вака се движат цените на зеленчукот и овошјето на пазарите. Граѓаните велат дека цените се високи за ова време во годината, особено што на некои од овошјата им поминува сезоната а цените не се намалуваат.

„Срамота е, скапо е, а пензии велат дека ги качуваат, срамота е тоа да го кажуваат. Што да купам со 120 денари каде на лекар си отишол, пари ти бараат.“

„Да, се поскапи малку, но што да се прави. Субвенциите не се во ред не се делат како што треба и цените скокаат.Се зависи од буџетот колку земаат плата, некој што нема ќе си земе помалку. “

„Цените на зеленчукот некогаш паѓаат некогаш се зголемуваат. Нема производи во Македонија многу слабо има производи.“

Земјоделците велат дека високите цени се очекувани, бидејќи оваа година нема доволно род ниту на овошјето ниту на зеленчукот. Дел од овошките замрзнаа поради касниот снег, а зеленчук нема поради сушата. Според нив непходно е да се превземаат итни чекори за климатските промени кои се неизбежни.

„Често пати апелираме и даваме препораки до релевантните институции да се дадат поголеми поддршки и инвестиции во овие заштитни мерки, а тоа се заштитни мрежи, заштитни фолии, антифриз системи кои што можат да придонесат прилагодување на земјоделците кон климатските промени. Овие мерки се многу скапи да се направи еден хектар на овошен или лозов насад земјоделецот ќе го чини 15 илјади евра.“

Цените во последната година постојано забележуваат раст особено за основните прехрамбени производи според податоците на Државниот завод за статистика. И според пресметките на синдикалците потрошувачката кошничка за претходниот месец изнесуваше 34.156 денари која доколку продолжи со вакво темпо да расте, за да се задоволат основните потреби за едно четиричлено семејство ќе бидат потребни повеќе од две минимални плати. Прогнозите на светските експерти се дека дури кон крајот на годината цените ќе почнат да се намалуваат.

Andrea Çobanova

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button