СВЕТ

Зеленски предупреди дека Украина може да биде поразена без помош на САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ситуацијата се влошува и дека Украина може да се соочи со пораз доколку брзо не добие американска воена помош од 60 милијарди долари.

Одобрувањето на тој пакет беше стопирано во Претставничкиот дом на Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) поради противењето на републиканските претставници кои сакаат да ги поврзат реформите на домашната имиграциска политика со одобрувањето на таа поддршка.
Зеленски, зборувајќи на англиски на 7 април за време на видео конференцијата со платформата за собирање финансиски средства United24, рече дека „би било тешко за Украина ако остане без помош.

Во еден момент, тој на украински рече дека треба да им кажат на американските претставници дека „во овој момент, ако Конгресот не и помогне на Украина, Украина ќе ја изгуби оваа војна. Ако Украина ја изгуби војната, другите нации ќе изгубат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button