ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Внатрешна контрола ќе го испитува апсењето на новинарот

Внатрешна контрола во МВР ќе утврдува дали полицијата вчера правилно постапила или не при апсењето и приведувањето на новинарот Фуркан Салиу. Инцидентот се случил за време на фудбалски натпревар во селото Горно Коњари кога имало тензии помеѓу домашните навивачи и гостинските играчи. Заменик министерот за внатрешни работи,Митко Бојмацалиев, рече дека реакцијата на граѓаните е оправдана.

„Имавме бурна реакција од граѓаните и оправдана е реакцијата од граѓаните бидеки во моментот имаме министер кој е од една политичка партија, која во минатото знаеше да се спротистави на гласните новинари, да апсат и затвараат телевизии. Во врска што и како се случувало јас нема да давам повеќе од тоа што е дадено во соопштението на МВР, бидејки од денеска и внатрешна контрола е вклучена во самиот тек, што точно се случувало, зошто е упсен, на кој начин е уапасен, дали имало потреба и сето тоа што е преземено“, рече Бојмацалиев.

Од МВР информираа и дека при преглед на патничко возило „дачија дастер”, сопственост на Ф.С.,во багажникот бил пронајден пиштол, но новинарот кажа дека имал дозвола.

„Прашањето овој пат не е дали тој имал дозвола за огнено оружје, туку фактот што, според информациите од МВР, незаконски го носел со наполнета рамка во своето возило, што е во целосна спротивност со законот. Впрочем и самиот Фуркан Салиу вчера јавно призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување допринел за ескалација на настаните. Самата СДС и Оливер Спасовски во минатото велеа дека нападот врз полицајци е напад врз државата.Зарем МВР требаше да премолчи на инцидентот и јавноста да ја убедува дека полицајците кои вчера беа повредени се удриле во пајак возило, како што тоа го правеа кога Спасовски за да го прикрие инцидентот кога функционер на ДУИ тепаше полицаец изјавуваше во јавност“, рече Наум Стоилковски, портарол на ВМРО ДПМНЕ.

Салиу доцна синоќа беше ослободен од полициската станица Автокоманда. Во своето обраќање пред станицата изјави дека сите видеа од моментот кога ситуацијата ескалирала се избришани. Тој уште еднаш изјави дека не е виновен и порача дека доколку делото се докаже ќе се извини и ќе се повлече од ТВ екраните.

„Полицајците почнаа да тепаат момче кое воопшто не учествуваше во тепачката, го ставија под кола да не се гледа и почнаа да го тепаат. Го извадив телефонот за да го документирам тоа, затоа што дечкото навистина ништо не направи. Ми го земаа телефонот, ме уапсија мене дека сум пружал отпор, сум нападнал полицаец, ве молам докажете го тоа. Викам во видеото, се слуша, бегај – новинар сум, снимам, 90 отсто од тие полицајци ме знаат“, изјави Салиу пред полициската станица.

Салиу исто така обвини дека без судски налог и без негово присуство му бил претресен автомобилот.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button