СВЕТ

Земјотрес од 4,8 степени според Рихтеровата скала регистриран во близина на Пелопонез

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран источно од грчкиот полуостров Пелопонез. Според соопштението на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 16 километри североисточно од Леонидио и 101 километар југозападно од главниот град на Грција – Атина, пренесува новинската агенција АНА-МПА.

Земјотресот бил почувствуван и во Атина. Засега нема извештаи за повредени или предизвикана материјална штета.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button