СПОРТФУДБАЛ

Германците против, Купoт на Германија да се именува по Бекенбауер

Повеќето Германци не ја поддржуваат идејата националниот фудбалски куп да се именува по неодамна починатиот Франц Бекенбауер. Во анкетата на институтот (YouGov), 44 отсто од 12.383 испитаници во петокот и саботата се изјасниле против, 29 отсто ја поддржале идејата, а други 29 отсто не сакале да одговорат.

Идејата Купот на ДФБ да стане Куп на Франц Бекенбауер ја претстави поранешниот селектор на германската репрезентација Берти Фогтс. Легендарниот Кајзер Франц почина на крајот на минатата недела на 78-годишна возраст.

Бекенбауер е еден од тројцата кои го освоиле Светското првенство и како играч и како тренер. Поранешниот тренер на Баерн Отмар Хицфелд предложи клубот да го почитува својот поранешен играч, тренер и претседател со преименување на минхенската Алијанц Арена./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button