СВЕТ

Земјотрес од 6,6 степени кај Кипар

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Средоземното Море кај западниот брег на Кипар, соопшти Американскиот сеизмолошки институт.

Според првите информации, нема податоци за жртви и не е причинета материјална штета.

Земјотресот се случил во 3:07 часот по локално време, на длабочина од 19 километри и на 48 километри од градот Полис.

Во главниот град Никозија, на 130 километри од епицентарот, некои жители во паника излегле на улиците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button