ВЕСТИРЕГИОН

Порфирије: Патот до решението за МПЦ е меѓу Скопје и Белград

Состојбата на раскол, не е природна и одржлива и затоа од се срце сакаме да се најде решение со братски, стрплив дијалог. Уверен сум дека единствениот правилен пат по кој треба да се оди за да се добие трајно решение на овој проблем, е патот од Скопје до Белград, или од Белград до Скопје, како и да е, изјави српскиот патријарх Порфирије во врска со догогодишниот спор меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и настојувањата прашањето да се реши преку Вселенската патријаршија.

Во божиќното интервју за „Политика“, Порфирије оценува дека никој друг од страна не може да има поголемо разбирање за проблемот, како што наведува, „од нас самите кои со векови на овие широки балкански простори заедно се вградувавме во Црквата Христова, без никакви меѓусебни недоразбирања“.

За упатеноста прашањата да се решаваат меѓу Белград и Скопје, според него, „е дефинирано и со томосот со кој цариградскиот патријарх во 1922 година потврдил дека епархиите во денешна Северна Македонија припаѓаат на Српската патријаршија“.

– Секој разговор што може да создаде минимум можности за воспоставување на нарушеното единство на Црквата е благословен и ме радува, бидејќи тоа е уште една рана што ме боли мене и секој свештеник, епископ на Српската црква, па и многу верници. Секој раскол е рана на телото Христово, на Црквата. Во ова време кога стана пожелно да се оддалечат луѓето едни од други, кога на тоа за жал, му претходеше и дистанцирање меѓу помесните православни цркви, сегашните настојувања на ерархијата кој пребива надвор од единството ги гледам како знак на совест, знак на спознавање дека состојбата на раскол за нив не природна и одржлива. А, ние овде во Пеќката патријаршија, српски владици, не само што не се откажуваме, туку со целосна одговорност за верниот народ во Северна Македонија, чија побожност, љубов кон Црквата Христова им е позната на сите, сакаме нарушено единство повторно да се воспостави, вели поглаварот на СПЦ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button