ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во новата влада се истите лица чии политики беа поразени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за Дојче Веле, за предлог составот на Владата вели дека во неа се наоѓаат истите ликови чии политики беа поразени на последните локални избори, но и ликови кои што воопшто не се впечатливи додавајќи дека на овие позиции се дојдени како чувари на заевизмот и слепи послушници.„Сега во оваа влада се наоѓаат истите ликови чии политики беа поразени. Го имате Љупчо Николовски кој беше задолжен за антикорупција во времето кога оваа влада на сите скали е на првото место по корупција. Повторно министер е Маричиќ, кој е познат по неправдите и хаосот во правосудството и монтираните случаи кои завршуваат со неспроведување на правдата. Во владата продолжува да биде министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е главниот бранител на мафијата и во чие време се случија најголемите скандали поврзани со разни шверцови, пасоши, нерасветлени убиства и слично. Министер е и Битиќи, кој ќе остане запаметен по фијаското во економијата, инфлацијата, високите цени во маркетите, а ниските плати, изјави Мицкоски.
Од друга страна, имате и невпечатливи министри, чии портфолија кажуваат дека таму се дојдени како чувари на заевизмот и слепи послушници. Министер е и професорот Тупанчески, кој би било добро да го чуеме што мисли како добар правник за главното барање на Алтернатива кое е дел од договорот со СДСМ – за реотворање на случаите „Монструм“ и другите правно утврдени случаи“, додаде претседателот Мицкоски.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button